Хуманиот гест на Жолтата подморница

Шпанскиот прволигаш во четвртокот одигра пријателска средба против Селтик, а во составот на Виљареал се најде и 13-годишно момче кое боледува од рак.

Големите фудбалски клубови често се критикувани од навивачите поради скапите влезници и дресови и поради тоа што малку се посветуваат на навивачите. Виљареал го докажа спротивното и со убав гест се погрижи да му го разубави секојдневието на младиот Гојан.

Покрај телевизиската емисија за него пред дуелот со Селтик, на Гојан му следувало место во соблекувалната, добил дрес а неколку минути и разговарал со тренерот за тоа што треба да прави на теренот.

Сонот на Гојан стана јаве кога за време на натпреварот успеа да ја затресе мрежата на гостите од Шктоска.

Секоја чест за фудбалерите и управата на Виљареал.

5 септември 2014 - 15:58