Хрватите во Исланд само со волнени гаќи

Делегација на Фудбалскиот сојуз на Хрватска смрзна при посетата на Исланд па на своите навивачи им порачаа да си облечат ѕиври.

Во пресрет на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Бразил, членови на Фудбалскиот сојуз на Хрватска го посетија Исланд во инспекција на за нив важните локации во Рејкјавик.

Делегацијата помина два дена во Рејкјавик, а по нивното враќање претседателот Дамир Врбановиќ имаше само една порака до навивачите:

„Ни случајно не тргнувајте на пат без долги, дебели волнени гаќи. Температурата не е многу ниска, некаде од 2 до 5 степени, ама ветерот е ужасен. Веднаш смрзнуваш."

Бараж натпреварот помеѓу Исланд и Хрватска ќе се одигра на 15 ноември, а гостите ќе добијат 700 влезници. Реваншот во Хрватска ќе се одигра на 19 ноември.

1 ноември 2013 - 13:58