Грк од Штутгарт постигна автогол од преку 40 метри

Студениот шут за гостите се случи уште во 4 минута кога Константинос Мавропанос сакаше да му ја врати на голманот, кој очигледно во тој момент имал попаметна работа отколку да го чува голот. Но Бундеслигашот не дозволи да биде изненаден од второлигашот Падерборн во Купот и успеа да го сврти мечот во 86-та и 95-та минута.

1 февруари 2023 - 08:29