Таг: штутгарт

Грк од Штутгарт постигна автогол од преку 40 метри

Студениот шут за гостите се случи уште во 4 минута кога Константинос Мавропанос сакаше да му ја врати на голманот, кој очигледно во тој момент имал попаметна работа отколку да го чува голот. Но Бундеслигашот не дозволи да биде изненаден од второлигашот Падерборн во Купот и успеа да го сврти мечот во 86-та и 95-та минута.

Редарите на Штутгарт кај Кличко да не тренирале?

На меч од Бундеслигата викендов на трибина имаше бокс партија меѓу редарите на Штутгарт и навивачите на Борусија Менхенгладбах. Ги добија уште во прва рунда.

Кој наш фудбалер го направи најскапиот милионски трансфер од Македонија во странство?

Кариерата ја почна во локален клуб во Крива Паланка, каде што е роден. И даде гол на Рома на Градски во дресот на Вардар, а Штутгарт го купи од Силекс за дебела пара во тоа време.

Ни на ГУЦ не проаѓаше ваков чалам

Се вика Силас Вамангитука, има 21 година и изгледа треба да јаде заушки за да сфати дека ова не е Конго, туку Бундеслига. Фино што му донесе гостински триумф на Штутгарт над Вердер Бремен со два гола, ама сите го зборат за гестов поради кој доби жолт картон за неспортско однесување.

Навивачите во Германија се збогуваа со вирусот - ни дистанца, ни маски, само песна и шалови

И покрај предупредувањата од Ангела Меркел и здравствените лица, дека враќање на гледачите на трибини би можеле да распалат нова епидемија, во Германија навивачите веќе се збогуваа со вирусот.

Голман, кафе да не сакаш?

Младиот Аргентинец Николас Иван Гонзалес постигна супер гол од пола терен на пријателската со Хамбург која неговиот Штутгарт ја доби со 3:2. Нико даде два гола од кој едниот беше мајсторија.

Срамотилаци е вака да завршиш акција два на еден

Кај германскиот второлигаш Оснабрик изгледа играчите не фатиле топка дома за време на карантинот. На Штутгарт му скинаа бод, а можеа да го изненадат и со три, ако несреќниов лик не одиграше вака аматерски.

Чурлинов од Штутгарт со шкорпија-гол на тренинг

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов започна со тренинзи со неговиот Штутгарт и уште од старт покажа дека не го изгубил чувството за топка за време на паузата. Германските клубови почнаа со тренинзи, а првата и втора Бундеслига треба да продолжат на средината од месецов.

Азилантот од Конго кој се прослави во Париз, па потпиша за 8 милиони евра во Штутгарт

Чудни се судбините на африканските млади таленти за кои во западните земји се става рака на очи за нивните административни фалсификати. Необична е сторијата за младиот Сила од Киншаса за кој допрва треба да се слушне.

Што ако испаднавте, има лудило да приредиме во прво коло

Тоа што Штутгарт сезонава ќе биде во второлигашко друштво ништо не им менува на ултрасите. Во прво коло го совладаа Хановер со 2:1, а пред мечот како да ви кажеме. Погледнете ја оваа поддршка. Лекција одржаа.

Лудо славје во Берлин, Унион влезе во Бундеслига првпат во историјата

Унион Берлин важи за еден од најсимпатичните клубови во Германија чии навивачи на времето собираа самоиницијативно пари за реконструкција на стадионот кој синоќа ја доживеа најголемата радост во клупската историја.

Го потопи Манчестер, а пред 20 години работел како шанкер и гланцал кригли

Она што го поминал Германецот Томас Тухел дефинитивно заслужува сценарио за филм. Да стане тренер поминал трнлив пат и никогаш не се откажал. Најголема поддршка му била девојката Сиси.

Детето кое направи сите во Германија да заборават на Филип Лам

За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.

Што треба да знаеме за главниот германски напаѓач во моментов?

Напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер е најдобриот германски бомбардер во последните две години (29 гола во бундеслига). Има само 21 година а ја игра петтата сезона во професионалниот фудбал. Прва желба е на Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Голема борба на германските ултраси против сојузот

Минатата недела конфликтот меѓу германските ултраси и Германскиот Фудбалски Сојуз зема широк замав не само во земјата туку и во Европа.

Најлудиот гол кој донел титула во Бундеслигата

На денешен ден пред точно 10 години Штутгарт со 2 бода пред Шалке стана шампион во Германија. Во последното коло ја победија Арминија Билефелд со 2:1. Едниот гол го постигна Кедира, а другиот Томас Хицлшпергер. Ако некогаш треба да се одбере кој е најдоброто ремек дело вредно шампионска титула, ова е тоа, нема друго.

Фудбалскиот пат на Филип Лам - најдобриот десен бек на XXI век

Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.

Кевин Гроскројц - панкерот што освои Светско првенство

Да имаш редок талент, да учиш од Јирген Клоп, да бидеш миленик на „Жолтиот ѕид“ во Дортмунд, да освоиш Светско првенство и да завршиш како цреп треба стварно да си Кевин Гроскројц.

Има ли во билтен игра Штутгарт дава автогол?

Тимот на Штутгарт постави неверојатен рекорд, откако стана првиот тим кој после 53 години си дал шест автоголови во една сезона. Автоголот на Јорг Нидермаер (негов втор сезонава), беше последен во низата започната од Хлушек, Баумгартл, Гентнер и Гроскројц. До крајот има уште 4 кола, така што може да го пробате Штутгарт си дава автогол.

Фото на денот

Од 1984 до 1989 година пред да отиде во Интер, Јирген Клинсман со голем успех го носеше дресот на Штутгарт. За тоа колку го сакаше топката зборува семафорот од дуелот Фортнуа 95 - Штутгарт.

Два дена на убави голови

Од Германија и Англија, до Франција и Италија, викендов во Европа паднаа неколку ефектни голови кои го обележаа колото. Во Бразил, голманот Рожерио Сени го даде 124. гол во својата кариера.

Не ја менувајте никогаш историјата на клубот

Навивачите на Штутгарт водеа долга и исцрпувачка битка за да си го вратат едно од старите бележја на клубот кој потекнува уште од оформувањето, а тоа е логото. На крајот упорноста им се исплатеше, а моментот го доживеаа еуфорично.

Новогодишното издание на Штутгарт

Спортистите не престануваат да не изненадуваат со нивте празнични честитки. По Коларов, Далас Маверикс и Милан, на ред дојдоа и фудбалерите на Штутгарт кои освен со завивањето на Jingle Bells, се истакнаа и со играњето.