Голманско деби кое се случува еднаш во 100 години

Каи Мекензи Лајл е тотално анонимен лик бидејќи брани во четврта англиска лига и за селекцијата на Гванаја, но во него се крие една куса приказна за секоја сигурно не сте слушнале дека ја има друг голман во светов.

Мекензи брани за Барнет, клуб кој е дел од англиската Лига 2, но има само 18 години и еден настап за сениорскиот тим, а тоа се случи минатата година откако влезе како замена бидејќи првиот голман доби црвен картон.

Роден е во Англија, но по потекло е од Гванаја, Јужна Америка. За него во Федерацијата се обратиле аналитичари кои ја следат играта Фудбал Менаџер.

„Има еден голман кој живее и брани во Англија за четвртолигашот Барнет. Не е лошо да го викнете да брани за репрезентација“.

Шансата ја добил на квалификацискиот меч од Карипскиот Куп против Суринам. Мекензи го облекува за прв пат репрезентативниот дрес со трошка сениорско искуство и дава гол. За жал само успеа да намали на 3:2 во последната минута од мечот и потоа судијата свирна крај.

„Кога истрчав за слободниот удар забележав дека можеби сум една нога повисок од сите други играчи. Соиграчот кој ја зема топката да изведува ми рече дека ќе се обиде мене да ми ја нафрли. Потоа ми беа потребни неколку секунди за да сфатам дека дадов гол, но веднаш помислив дека морам да се вратам на гол и да мислиме на израмнување“.

14 октомври 2016 - 14:22