За Утрехт да ти бранел октопод

Утрехт е најголемо изненадување во Холандија. После 8 одиграни кола со 5 победи и 17 освоени се трети на табела веднаш зад Ајакс (19 бода) и ПСВ (18 бода). Во неделата го урнаа големиот Ајакс среде „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам со 0-1. Прв триумф таму за Утрехт во првенство после четири години. Убедливо најзаслужен за тоа е 23-годишниот Мартен Паес кој бранеше како пајак.

4 октомври 2021 - 10:46