Таг: Утрехт

Кардио и книги: прва библиотека во која можете да читате додека вртите точак

Библиотеката во Утрехт, Холандија, воведе велосипедски штандови, овозможувајќи им на читателите ем да читаат, ем да вежбаат, ем да си ги полнат мобилните додека вртат.

За Утрехт да ти бранел октопод

Утрехт е најголемо изненадување во Холандија. После 8 одиграни кола со 5 победи и 17 освоени се трети на табела веднаш зад Ајакс (19 бода) и ПСВ (18 бода). Во неделата го урнаа големиот Ајакс среде „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам со 0-1. Прв триумф таму за Утрехт во првенство после четири години. Убедливо најзаслужен за тоа е 23-годишниот Мартен Паес кој бранеше како пајак.

На мечот Ајакс - Утрехт паднаа 9 гола, Тадиќ ја реши со голчиште

Во Купот на Холандија, Ајакс го победи Утрехт 5:4 со феноменален гол на капитенот Душан Тадиќ. Ваков натпревар со волку голови не се памети скоро ни во холандскиот фудбал кој е познат по 7+.

Анонимниот тренер кој учел од Гвардиола и кој го внесе Ајакс во осминафинале на ЛШ

Како непишано правило, за да бидеш добар тренер не мора да значи дека мора да имаш и блескава играчка кариера. Напротив, голем дел од врвните стратези, во младоста биле во сенка на нивните попознати соиграчи. Таков е и Ерик Тен Хаг.

Најлошите 40 секунди во холандскиот фудбал

Утрехт и Феенорд синоќа одиграа заостанат натпревар од холандскoто првенство, а во еден момент личеа на пијаници кои не знаат кај тераат. Ќе ја дупнеа топката уште малце.

Господин Дурасел ја заврши богатата кариера

36-годишниот Дирк Кајт на најдобар можен начин се прости од фудбалот откако со хет-трик во последното коло му донесе титула на саканиот Феенорд после цели 18 години.

5 најталентирани фудбалери од холандска лига

Меѓу скаутите и ловците на млади таленти важи едно непишано правило: Ако не знаеш каде, упати се во земјата на лалињата. Кои се најталентирани играчи во тамошната лига во моментов?

Викенд на автоголови

Изминатото коло во најдобрите европски лиги донесе неколку ефектни автоголови кои ги одлучија натпреварите. Во Серија А, Верџини постигна евро-автогол, а во Премиер лигата Ливерпул и Саутемптон освоија бодови по заслуга на противнички играчи.

Болниот хулиган се врати на стадион

Во минатото бил страшен хулиган, а сега е тешко болен пациент врзан за својот кревет. Бертус Сеилмакер по 12 години се врати на својот омилен стадион.

Очајно лош автогол

Марк ван дер Хорн од холандскиот тим Утрехт го избра најлошиот пат за расчистување на ситуацијата пред својот гол. Единствената утеха за неговата трагикомична грешка може да му биде тоа што немаше да смени многу и да не го дадеше, затоа што неговиот тим загуби од Аз Алкмар со 6:0.