Големиот Дрогба

Напаѓачот на Галатасарај, Дидие Дрогба при воздушен дуел на натпреварот против Ордуспор, нокаутираше противнички фудбалер кој во полусвесна состојба беше итно одведен со амбулантно возило. По завршувањето на натпреварот, првото нешто што Дрогба го стори беше посетата на нокаутираниот ривал во болница.

Галатасарај и Ордуспор одиграа интересен натпревар кој ќе се памети по автоголот, пресвртот, голчиштето на Снајдер, но и по потегот на Дрогба.

На 6 минути пред крајот на натпреварот, при еден воздушен дуел, Дидие Дрогба и противничкиот фудбалер Давид Барал се судрија со глави и двајцата паднаа како покосени.

Првичните сцени не беа пријатни за гледање, но за среќа со брза интервенција на соиграчите и лекарските екипи, Дрогба успеа да стане на нозе, а шпанскиот интернационалец од Ордуспор беше итно префрлен во болница.

По завршувањето на натпреварот, Дидие Дрогба веднаш се упатил кон болницата каде го посети Барал за и самиот да се увери дека неговиот ривал е во ред и да му посака брзо опоравување.

26 февруари 2013 - 08:47