Германската легенда ја заврши кариерата

Легендата на германскиот и светскиот фудбал, 36-годишниот Михаел Балак, стави крај на богатата кариера која траеше 17 години во кои освои пет шампионски титули.

Роден и израсната зад „железната завеса" на Источна Германија, Балак ја започна кариерата во 1995-та година во тимот на Кемницер. Три години подоцна тој веќе беше германски шампион со Кајзерслаутерн.

Во 1999-та година потпиша за Баер Леверкузен и во тој период се проби на светската сцена, но трофеите изостанаа. Во 2002-та година Балак со Баер и германската репрезентација стана вице-шампион во Бундеслигата, купот, Лигата на шампиони и Светското првенство.

По преминувањето во Баерн Минхен тој освои три шампионски титули за четири сезони пред да потпише за Челси каде освои титула во Премиер лигата, три во ФА купот и Лига купот.

Балак одигра 98 натпревари за репрезентацијата на Германија, а еден невнимателен старт од Боатенг во 2010-та година го чинеше пропуштање на натпреварите од Светското првенство и губење на капитенската лента во репрезентацијата.

Последните две сезони ги помина во Баер Леверкузен, а откако му заврши договорот во јуни тој беше поврзуван со трансфери во САД и Австралија, но сепак реши да му каже збогум на фудбалот.

Имав добра кариера во професионалниот фудбал. Како дете не ни сонував дека можам ова да го постигнам. Имав привилегија да играм со сјајни соиграчи и да работам со одлични стручњаци. Ќе ми недостасуваат натпреварите пред 80.000 луѓе и постигнувањето голови. Последните неколку месеци поминати без фудбал беа доволни да сфатам дека ми е доста", изјави Балак.

За крај, да се потсетиме на еден негов незаборавен момент:

3 октомври 2012 - 10:09