Фудбалер на Вотфорд кој во Битола би го викале Успехо

Голманот на Слиго Роверс, Михаел Шлигерман доаѓа од Каунти Мајо а дедо му е Германец. Зборот German е дел од неговото презиме. Има ли уште такви примери каде презимињата на играчите содржат збор кој директно ги поврзува со нивната националност или националноста на нивните родители?

Стифен Ајрленд очигледно е таков, а многумина на прва би се сетиле на Петр Чех чиешто презиме на чешки (и на македонски) значи Чех. Интересен пример е и Винченцо Италијано, чиешто презиме ем значи Италијанец во превод ем значи италијански јазик.

„Прашањето за презимињата кои содржат потекло на играчите носи корени од Турција, затоа што многу презимиња во оваа земја го содржат зборот ‘Türk’. Презимето Öztürk (литературно чисто значи Турчин), според Википедија е осмото најпопуларно презиме во Турција така што илјадници фудбалери по светот кои имаат турско потекло го имаат зборот Türk во презимето“, вели новинарот Ондер Сусам за Гардијан.

Еве ги 11-те фудбалери кои би го сочинувале тимот со збор Türk во презимето:

Голман: Фатих Озтурк
Лев бек: Мехмет Туркмехмет (Турски Мехмет е ирачки Туркменистанец со турско потекло)
Десен бек: Енгин Актурк (Бел Турчин)
Стопер: Ибрахим Озтурк
Стопер: Алпаслан Озтурк
Среден ред: Кемалетин Шентурк (Среќен Турчин)
Среден ред: Јилдирај Баштурк (Главен, баш Турчин)
Среден ред: Сезер Озтурк
Лево крило: Кубилај Туркјилмаз (еден кој е роден како Турчин)
Десно крило: Гоксу Туркдоган (Еден кој е роден како Турчин)
Напаѓач: Семих Шентурк (Среќен Турчин)

Тренер: Јилмаз Јучетурк (Главен/Врховен Турчин)

Еден од фудбалерите во Премиер лигата кој има уникатно име и презиме сигурно е Исак Саксес (Isaac Success). Во Битола сигурно би го викале Успехо. Во Скопје жаргонски понекогаш се користи презимето на Димитар Бербатов, посебно кога некој ќе истури вино на чаршаф, а за добитка во кладилница неретко се споменува презимето на еквадорскиот тенисер Николас Лапенти. Добро, во последно време некој мавта со ливчето во рака додека го изговара презимето на новиот напаѓач на Милан, Џанлука Лападула.

Од друга страна, новинарот Расел Јанг вели дека не баш среќно го читал составот на репрезентацијата на Мјанмар за Тајгер Купот во 2004. година.

„Имаа двајца фудбалери со само две самогласки во името и презимето, Мар Ла и За За. Некои кинески фудбалери во репрезентацијата во минатото и во сегашноста имаат необични презимиња  како Ли Ти, Ан Ки, Ву Џи, Ку Бо и Гао Јао. Прилично се лесни за изговор, но сепак...“, заклучува Расел Јанг.