Фрапантниот податок на Меси за кој нема конкуренција

Од тоа што го прави овој човек за фудбалот, кој 15 години го игра на врвно ниво, може да се издаде книга само со негова статистика во која е рекордер, веќе по кој знае по колку параметри. Внимавајте сега на овој.

„Player of the match“ или „Man of the match“, што би рекле ние „Играч на натпреварот“ или со НБА речник „МВП“ е навидум не многу важна и зборувана награда.

Се гледа само како признание и му се доделува на најдобриот на еден фудбалски натпревар. Меси на ова Светско го доби четири пати од вкупно шест натпревари.

Но тој е рекордер на Светските првенства со 10 вакви признанија, пред Кристијано Роналдо кој има 7, а трет е Ариен Робен со 6.

Ова што посебно фасцинира е следново:

Наградата „Man of the match“ Меси во кариерата ја има освоено неверојатни 306 пати или на 52% од натпреварите.

Рекорд за кој се потребни веројатно децении за некој да го стигне, бидејќи вториот има 175 и се вика Кристијано Роналдо, а трет е Златан Ибрахимовиќ со 116.

Само во Ла Лига, Меси бил избран за играч на натпреварот 196 пати.

Аргентинскиот феномен заедно со Мбапе се први со по 5 гола на ова Светско, а синоќа стана рекордер меѓу Аргентинците со 11 мундијалски погодоци. Втор е Батистута со 10, а трет Марадона со 8.

Тоа значи дека на 18 декември тој може да стане прв стрелец на ова Светско кое би било круна за кариерата ако го освои.

На синоќешното доделување за играч на мечот го чекаше изненадување, а тоа е Серхио Агуеро.

 

14 декември 2022 - 14:51