Формацијата на Ел Чоло 5-5-0 кој стигна до најнепопуларниот статистички податок

„Против вакво нешто не било лесно во праисторијата, не е лесно ниту денес, а нема да биде лесно ниту во наредните сто илјади години“, изјави Пеп Гвардиола за дефанзивата на Атлетико.

Тактиката на Диего Симеоне против Манчестер Сити е топ тема по завршувањето на четвртфиналето. Тактика која е доста добро препознатлива за овој тим и на која на Ел Чоло многу пати му носи резултати.

Овој пат им успеа 70 минути да не примат гол, а до крајот примија само еден, што значи имаат активен резултат за реваншот закажан за 13 април.

Ако статистиката на Резултати не лаже, а и нема зошто за лаже, плус ја поткрепивме и со Опта како експерти за оваа тема, тогаш го бележиме тоа што го напишавме во насловот.

Откако Диего Симеоне е на кормилото на Атлетико од 2011-та, оваа екипа за прв на еден натпревар не успеала да шутне кон гол. Не во ЛШ, туку на сите натпреварувања.

Сити имал посед на топка 68% и 15 удари кон гол, а Атлетико ниту еден.

На социјалните мрежи по мечот најпопуларната фотографија е оваа на која се гледа поставеноста на играчите во две линии по петорица, за што Гвардиола изјави.

„Го стави Гризман на крајната десна страна, а Феликс на крајната лева и направија формација 5-5-0.

Против вакво нешто не било лесно во праисторијата, не е лесно ниту денес, а нема да биде лесно ниту во наредните сто илјади години.

Да се напаѓа против тим со формација 5-5 е многу тешко. Работата е што нема простор. Освен што се компетитивни и се бранат многу добро, нема простор“.

А во врска со изјавата на Гвардиола, пост на Инстаграм имаше Коке:

„Заљубен сум во твојата историја уште од праисторијата. Горд сум што сум дел од Атлетико“.

Како Едерсон го чуваше голот на Атлетико:

6 април 2022 - 09:24