колумна

Финале од мој агол

Да се разбереме, гајле ми за Челси, ама дедо ми не се акаше по планина за да можам ја за Швабо денес да навијам. А башка и нема ништо послатко у спорт од тоа да ги гледаш германците како губат. Свечено одлучив дека за пола ден сум фан на Челси... пут под ноге накај стадион...

Пишува: Таки Бошкоски

Да имаш карти за финалето на Лига Шампиони едно два месеца пред да се одигра утакмицата не е на арно... Јеби га, од четврт финале навака, сите утакмици ми поминаа у нагаѓање кого ќе идам да гледам у Минхен... Демек многу ми беше битно, па се утепав у беспредметно комбинирање дали ќе гo гледам најквалитетното финале у историја на фудбал измеѓу шпанските гиганти или за првпат ќе видам домашна екипа у финалето на еден ваков спектакл. Јак штик!!! Една работа да ви кажам кој и да игра, ма тоа чуство е невероватно бре!

Иако планот ми беше да стигнам у Минхен у петок, па да се уверам у квалитетот на од гастарбајтерите препричаваниот ноќен живот, од објективни причини морав да стигнам само на денот на одигрување на утакмицата, т.е. у сабота. Атмосфера - невидена! Од коа излегов од хотел, па се упатив накај центар да поуживам во празникот, не видов ни еден човек ни младо - ни старо, а да не ги носи боите на Баерн Минхен. Секоја зграда, секоја кола, се беше декорирано у боите на Баерн. За првпат видов што значи еден град да живее за една утакмица. Велком бек то д ејтис си помислив! Додуше малце ми одскокна што градското собрание не беше декорирано, ама ми беше објаснето дека градоначалникот е иначе голем фан на 1860 (другиот минхенски клуб) и човекот си нашол оригинален начин да се подјебава со своите најголеми ривали.

И супер беше таа приказна, се додека лично не ја осетив и арогантноста на домашните навијачи која веќе неколку дена ја ширеа на све живо што шета наоколу. Мислејќи дека играат дома, против една слаба екипа како Челзи, можат уште унапред да си го прокнижат трофејот и да стават уште една звездичка на амблемот на својот клуб. Тоа се граничеше со толкава безобразност, да ниеден од луѓето со кои напраив муабет не го есапеше Челси и ми објаснуваше каде да дојдам на журка после утакмицата. И тогаш у себе решив... Да се разбереме, гајле ми за Челси, ама дедо ми не се акаше по планина за да можам ја за Швабо денес да навијам. А башка и нема ништо послатко у спорт од тоа да ги гледаш германците како губат. Свечено одлучив дека за пола ден сум фан на Челси... пут под ноге накај стадион...

И тука настана проблем. Сите оние гастарбајтески причи што сте ги слушале за тоа какo у Немачка све функционира и таму све е најдобро се жива превара. Градот кој требаше да се докаже кога најмногу треба, градот кој се чаламеше дека е најдобар кандидат за Зимските Олимписки Игри, си дозволи системот на јавен прево да му колабира два саата пред почеток на најголемата утакмица што некогаш се изиграла во Минхен...јеби га. Метрото едноставно не функционираше повеќе... И тогаш настана една општа хајка по такси каква што не е видено од врето на инквизицијата кога се трагало по вештерки. За да стигнам на стадион, морав на еден таксист да му се џитнам под тркала за да се смилува да не однесе до местото на настанот.

Кога успеавме да влеземе, се сместивме, и гледај изненадување. До мене седи ни мање ни више Хусаин Болт! Културно го испоштував, со него беше уште еден црнец, познат од негде, ама нејќев да се брукам да прашуем кој е и се сместивме.

У принцип утакмицата си беше и како што се очекуваше. Челси си го донесе истиот оној дабл декер на кој вчера парадираа од Лондон, си го паркираа у шеснасетник, а овие другиве покушаваа да искористат домашен терен и да го пробијат бункерот. Кај Роберто Ди Матео одма се докажува дека крв не е вода... Иако родум Швајцарец, италијанското во него искача коа ќе му ја видиш формациската поставеност. Небаре измислил катенаџио. Е сега ќе се јават одма паметњаковичи како играл анти фудбал, ама ако некој сака забава у финале на Лига на Шампиони нека иде у кино или у диско... Се до таа 82 минута кога Баерн успеа да го постигне тој гол.

На трибина мора да кажам дека иако у бројка горе доле исти, навијачите на Баерн беа каде каде погласни. Ваљда тоа си доаѓаше од убедувањето дека ќе станат европски шампиони, додека оние на Челси иако бројчани, некако срамежливо го бодреа својот клуб. Се до таа 88ма минута и оној корнер на Челси. ПРВ!!! Го вадам телефонот и му викам на Хусаин. Мора да снимам, Челси дава гол... Ме погледна чудно и се сврти таман на време да го види Дрогба како дава гол. Дечкото ми се џитна у прегратки... Ваљда и он беше за Челси... Останатото сите го видовте да не давам со тоа. Утакмица толку драматична да ако некој и пишуваше сценарио поише исаф ќе имаше. Она што фалеше цела утакмица конечни излезе на виделина. Еуфоријата на навијачите на Челси кога станаа европски шампиони. Не можев а да не им завидувам!

На пут накај хотел, уште од самото искрцавање у центар морав да рипам преку пијни тела на енглески навијачи. Успут се приклучив на две-три прослави и искрено од срце им честитав на енглезите за освоената титула. У ствари тоа е и најголемиот шарм на фудбалот. Кога не секогаш фаворитот победува. Ова ми беше прво финале, а искуството толку позитивно да веќе почнав да бркам врски и да барам карта за идното во Лондон... На пијаниците од Челси им порачав... See you in Wembley next year!

22 мај 2012 - 16:35