ФИФА објасни зошто голот на Јапонија е регуларен

После сите дилеми и сомнежи, сензацијата на Јапонија над Шпанија е целосно чиста и регуларна. ФИФА се изјасни со соопштение, поткрепено со видео и фотографии.

„Вториот гол на Јапонија беше проверен по пат на ВАР системот за да се утврди дали топката ја поминала гол-аут линијата. ВАР судиите ги користеа камерите што се користат за гол-линијата, за да бидат сигурни дали топката делумно или целосно го напуштила игралиштето. Други камери може да понудат погрешни агли, а на овие достапни докази утврдено е дека топката не била во аут со целиот свој обем“, стои во соопштението на ФИФА. 

3 декември 2022 - 11:30