Фер плеј на колото во Серија А

На толку лешперски потези со глумење фаули за секаков контакт и театралности по секоја цена да се добие пенал, веќе не се сеќаваме кога последен пат кога некој играч признал дека сам паднал.

Лацио викендов и покрај тоа што беше страшно потценет од кладилниците (4,50 беше двојка), славеше голема победа во Бергамо против Аталанта од 1:3.

Потегот на мечот, колото, па и месецот го има Мануел Лацари. При резултат 0:1, бекот на Лацио беше во трк и кога влезе во шеснаесетник изгледаше како да е соборен за удар од 11 метри.

Но италијанскиот репрезентативец веднаш одмавна со рацете за да посочи дека нема пенал, нешто што сме навикнати да го гледаме ама обратно.

Кој стигне џавка по судиите за да добие пенал без разлика дали имало фаул или не, но Лацари вели сам паднав и им одржа лекција на сите.

Инаку неговите соиграчи бараа пенал, а Лацари реагираше уште пред да се прегледува ситуацијата на ВАР.

Ова е вистинска реткост општо во фудбалот, а во италијанско се сеќаваме на гестот на Мирослав Клосе кој даде гол со рака и потоа отиде да му ја каже вистината на судијата. Честитки за фер плејот доби и од Горан Пандев, бидејќи тоа беше меч против Наполи кога нашиов играше таму.

1 февруари 2021 - 09:58