Фаворит не значи и победник

Лигата на шампионите до сега донесе пет легендарни финалиња, каде оние кои беа апсолутни фаворити, на крајот во солзи му честитаа на противникот.

Пет историски финалиња кога фаворитот му се поклони на аутсајдерот:
 
БАРСЕЛОНА - СТЕАУА, 1986 - Севиља
 
Актуелниот романски првак стана првиот европски шампион од источна Европа. И тоа на каков начин. Во 1986. година на Санчез Писхуан во Севиља играше финале против Барселона. Каталонците го исполнија стадионот и беа големи фаворити. Стеауа таа сезона беше неприкосновена на својот стадион „Генчеи“ во Букурешт.
 
Регуларниот дел заврши 0-0, за прв пат во историјата на ова натпреварување, по што следеа продолженија, па пенали. Голманот на романската екипа Хелмут Дукадам не прими гол после пет пенали на Барселона, а Мајеару и Болони дадоа два и Стеауа стана европски првак. Дудакам го доби прекарот Севиљскиот херој, затоа што ѝ донесе голема радост на земјата која во тоа време се мачеше под режимот на Чаушеску.
 
 
СЕЛТИК - ИНТЕР, 1967 - Лисабон

Сезоната во која најпријатни изненадувања беа ЦСКА Софија и Војводина на врвот го донесе првиот островски клуб. На патот до финалето, Интер таа сезона го исфрли Реал Мадрид во четвртфиналето, а во полуфиналето беше подобар од ЦСКА Софија.

Италијаните беа големи фаворити во финалето против Селтик и веќе во седмата минута поведоа преку Сандро Мацола. Меѓутоа, во вториот дел Селтик во 62. минута израмнува преку Гемел, а во 82. минута Чалмерс ги поставува конечните 2-1 за Селтик. Прв стрелец во ЛШ таа сезона беше Белгиецот Пол ван Химст од Андерлехт, а Интер остана без толку посакуваниот трофеј.

ПОРТО - БАЕРН МИНХЕН, 1987 - Виена

Баварскиот гигант беше неприкосновен во Европа во 80'-те години. Баерн лесно го помина Реал Мадрид во полуфиналето и во финалето беше голем фаворит против Порто.

На стадионот Пратер во Виена Порто и Баерн одиграа спектакуларен меч. Баерн поведе со голот на Кегл во 25. минута, но Порто не се предава и во вториот дел дава два ефектни гола. Најпрвин Маџер со петица, па Хуарио од волеј му носат на Порто голем триумф и победа на Давид против Голијат.

МИЛАН - АЈАКС, 1995 - Виена

Росонерите го играа третото финале по ред, а во својот состав ги имаа Марсеј Десаи, Деметрио Албертини, Франко Барези, предводени од Дон Фабио Капело. Ајакс оддолеваше во текот на целиот натпревар, за да во 85' минута Патрик Клајверт на асистенција на Франк Рајкард да направи големо изненадување.

Ова финале остана запаметено како прво во кое на дресовите стоеле спонзори. Ајакс во своите редови ги имаше Давидс, Рајзигер, Клајверт, браќата Де Бур, Едвин ван дер Сар...

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - МАРСЕЈ, 1991 - Бари

Иако белградскиот тим во тој период имаше екипа за која сер Алекс Фергусон изјави дека е Барселона пред Барселона, Олимпик Марсеј важеше за голем фаворит. Особено поради богатиот Бернард Тапи, кој од Марсеј направи екипа каква што денес имаат Челси или Манчестер Сити.

Колку моќно делуваше Марсеј, зборува и податокот што Ерик Кантона и Драган Стојковиќ Пикси беа резервни играчи, а во првиот состав Жан-Пјер Папен, Боли и Мозеро беа страв и трепет. Сепак, Црвена звезда успеа да го донесе мечот до пенали, а потоа Дарко Панчев да донесе голема радост на цела поранешна СФРЈ.