Емотивното враќање на Муамба

Фабрис Муамба, фудбалерот на Болтон кој колабираше на теренот на 17. март, се врати на стадионот „Рибок".

За прв пат по колабирањето на гостувањето кај Тотенхем, токму на натпреварот на Болтон против оваа екипа, Фабрис Муамба го посети стадионот „Рибок".

Муамба беше пречекан со оваации од навивачите на двата клуба, а потоа го проследи натпреварот кој неговиот тим го загуби со 1:4.

3 мај 2012 - 09:47