Џабе ливчето за препишување

Голманот на Борусија Менхенгладбах си направи „ливче за препишување" во случај на шутирање на пенали, но не одбрани ниту еден од нив.

За време на Светското првенство во 2006-та година, Германија преку пенали ја совлада Аргентина. Најзаслужен за пласманот во полуфиналето беше голманот Јенс Леман кој одбрани два пенали и тоа благодарение на ливче на кое си ги имаше запишано навиките на шутирање на пенали на фудбалерите на Аргентина.

Голманот на Борусија Менхенгладбах, Марк Андре теш Штеген се обиде со истиот рецепт и на полуфиналниот натпревар од германскиот куп против Баерн Минхен.

Но тој за џабе правел ливчиња за препишување наместо да учи тренира. Тер Штеген не одбрани ниту еден удар од белата точка.