Двојникот на Пиоли - им обеле коса, исто се носат, во исто време оќелавеа

Приказната за дружбата на Стефано Пиоли и Џакомо Мурели е интересна од неколку причини. Вториов му е помошник на првиот веќе 16 години а во тоа време се како близнаци.

На 14 ноември од базата на Милан стигна вест дека тренерот Стефано Пиоли е позитивен на вирусот и ќе го пропушти мечот со Наполи во недела.

Во меѓувреме од Милан соопштија дека екипата на „Сан Паоло“ ќе ја води неговата десна рака Џакомо Мурели, ама во вторникот и тој бил позитивен на тест.

Необично, Мурели и Пиоли многу наликуваат еден на друг, постојано се облекуваат како близнаци и двајцата се келави.

МУРЕЛИ И ПИОЛИ СЕ ПОЗНАВААТ СО ГОДИНИ, ДВАЈЦАТА ПОЧНАЛЕ ВО ПАРМА

Џакомо Мурели и Стефано Пиоли се родени во малото градче Сан Секондо Парменсе (место во кое населението никогаш не било поголемо од 6,500 жители), во провинцијата Емилија Ромања, на 20-ина минути со кола до Парма.

Во 1979 година двајцата другари од детство се нашле во младинците на Парма каде тренирале и играле. „Нашиот однос со Стефано излегува од рамките на фудбалот, ние се дружиме семејно веќе многу години. Се знаеме еден со друг од детството, заедно почнавме во најголемиот клуб во нашиот роден регион“, изјавил Мурели.

После извесно време патот им се раздвоил. Во 1984-та година Пиоли отишол во Јувентус каде како резервен играч освоил скудето и Куп на европски шампиони. Мурели во меѓувреме играл за скромниот Авелино кој во тоа време се борел за влез во Серија А.

Мурели во Авелино го добил прекарот „анти-Марадона“ затоа што за време на дуелите со Наполи (двата клуба се најголеми во регионот Кампања и се сретнале во Серија А), го чувел големиот Диего залепен како фластер. За 4 сезони Марадона постигнал само 1 гол против Авелино.

Дуелите со Марадона биле највисока точка во играчката кариера на Мурели. Во 1989-та година испаднал со Авелино во Серија Б и од тогаш веќе не заиграл ни минута во Серија А. Во кариерата играл и за Болоња но кога овој клуб бил во Серија Ц1.

ПИОЛИ И МУРЕЛИ ПА СЕ СОЕДИНИЛЕ ВО 2004 ГОДИНА И ОД ТОГАШ СЕ НЕРАЗДВОЈНИ

На 37 години Мурели дошол да доигра пред крајот на кариера во аматерскиот клуб Суѕаро каде после некое време станал и тренер.

Имал забележителни успеси со скромната екипа и во 2003-та година станал помошник тренер на Алберто Малезани во Модена која тогаш играла во Серија Б.

После една година Малезани го отпуштиле а на негово место доаѓа 39-годишниот Стефано Пиоли кој тогаш ги правел првите чекори во тренерската кариера.

Само што го назначиле за тренер, Пиоли го поставил Мурели за свој прв помошник. И од тој момент до денес, цели 16 години Мурели му помага на другар му Стефано: во Парма, Гросето, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер, Фиорентина а сега и во Милан.

Интересно, и двајцата уште од времето па до денешен ден на работно место се облекуваат исто.

Така беше во Палермо:

Во Интер:

Во Фиорентина:

Во Милан:

Интересен факт: И на двајцата во ист период им поседела косата, и двајцата во ист период оќелавеле во Фиорентина.

Тоа е дружба!