Двајца синови од иста фамилија победија во Лига на шампиони и Лига Европа

Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.

Браќата Ернандез се едни од најинтересните во фудбалска Европа. Родени се во Марсеј (Лукас е постар година ипол дена), и двајцата играат за француската фудбалска репрезентација.

Тео Ернандез го носи дресот на Реал Мадрид а Лукас Ернандез трча во стројот на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид.

Лукас Ернандез на 17 мај со Атлетико Мадрид ја освои Лига Европа откако го победија Марсеј со 3-0.

Девет вечери подоцна, Тео Ернандез празнуваше голема победа во Лигата на шампионите на 26 мај откако Реал Мадрид убедливо го совлада Ливерпул со 3-1.

Браќата постојано се задеваат на социјалните мрежи а ни овојпат не изостана нивното „пецкање“.

Еднаш за време на еден празничен фамилијарен ручек, Лукас Ернандез му се обратил на својот брат Тео додека го снимал со камера од телефонот:

„Прво да ти честитам Божиќ! Второ да ти честитам Нова Година! Трето, се надевам дека ќе добиеш многу подароци од Дедо Мраз. Четврто? Четврти е Реал Мадрид (Реал во декември беше 4. на табела)

Тео не го заборавил ова и за време на традиционалната прослава на титулата од Лига на шампиони на плоштадот Сибелес не заборавил да потсети кој е главен во Мадрид:

„Ние поминавме низ Нептун (место каде обично слави Атлетико Мадрид)... и искрено да ви кажам таму немаше многу луѓе. Ние сме кралеви на Европа! Ние сме кралеви!“, викал левиот бек на Реал Мадрид.

Браќата на вечера со мајка им (десно) и со своите девојки: