Драма во домот на Донарума, избегале претепани со жена му во 3 по полноќ

Голманот на ПСЖ и селекцијата на Италија претрпел терор дома среде ноќ откако му влегле насилни крадци. Повредени со жена му завршиле во болница.

Разбојниците му упаднале на Донарума дома во 3 после полноќ во обид да го ограбат, а кражбата била како на филм.

Се работело за насилен грабеж бидејќи откако ја обиле вратата, Џанлуиџи и жена му ги соблекле голи, ги натепале и ги врзале за да можат да оперираат по дома.

Откако побегнале, голманот на ПСЖ во шок избегале во најблискиот хотел каде персоналот пријавил во полиција.

Интервенирала и антибандитската бригата која истражува и трага по лоповите, а обвинителството во Париз отвори досие за вооружен грабеж, киднапирање и насилство за што максимална казна е 30 години затвор.

Француските медиуми пишуваат дека крадците биле добро информирани за потенцијалниот плен, проценет првично на 500.000 евра.

И двајцата биле пренесени во болница, а според првите информации Донарума бил лесно повреден.

Многу фудбалери на ПСЖ се соочуваат со кражби во Париз. Пред две години додека Ди Марија имаше натпревар, крадци му упаднаа дома во присуство на сопругата и децата и му украдоа кеш и работи во вредност од 500.000 евра. Беа фатени двајца и осудени на 4 години затвор.

Таткото на Маркињос беше претепан во куќата на Бразилецот, но потоа насилниците кои му влегле маскирани, биле идентификувани и пикнати во затвор.

Верати се соочи со казна додека бил на одмор на Ибица, а ограбени беа домовите и на Икарди, Тијаго Силва, Дани Алвеш, Чупо Мотинг и Серхио Рико.

За сега не е познато кога Донарума ќе му се приклучи на димот. Денеска ПСЖ има пријателски натпревар против Ле Авр закажан за во 17 часот, а утре одат на двонеделна турнеија во Јапонија и Јужна Кореја.

21 јули 2023 - 10:55