Дивјачко однесување во Косово, едниот голман даде гол во 94-та, а другиот го рогаа

Дербито на колото во косовското првенство донесе драматичен крај во судиското продолжение кое се жал не заврши на фудбалски начин со последен свиреж на судијата. Работите до толку излегоа од контрола, што гостите одбија да го доиграат.

Се работи за екипите на Гњилане и Балкани, дерби кое наместо да се зборува по убаво со херојски чин на голман кој го израмни резултатот, заврши на одвратен начин.

Во 94-та минута од мечот, домаќините решија да одат на сè или ништо, па за време на изведувањето на корнер, во шеснаесетник влета и голманот Количи кој со јуначки скок израмни на 1:1.

Но резултатот оди во втор план, бидејќи на терен влетаа домашните навивачи по што настанат хаос, а најдебелиот крај го изеде голманот на Балкани, Стиви Фрашери кој го соборија на земја и го удираа со нозе по глава.

Фрашери заврши во болница, а гостинските играчи не сакаат да го доиграат мечот. Инаку Балкани е прв, а Гњилане трет на табела со 5 бода помалку.

4 април 2022 - 13:44