Даниеле Де Роси маскиран во целост го гледал дербито од навивачка трибина

Прво од причина што ќе му дојдат буквално сите присутни да се сликаат и да земат автограм (на една трибина на Олимпико на дерби има околу 20.000 луѓе). Второ, што така нема да може на раат да се изнавива од Curva Sud и да го гледа клубот чија најголема икона е после Тоти. Му ставиле перика, му го „корегирале“ носот, му опнале наочари, капа и ете ти го Де Роси на навивачката трибина.

Го маскирала неговата сопруга Сара Фелбербаум 

Каков беше амбиентот на дербито.

Даниеле Де Роси одигра 616 меча за Рома каде ја почна фудбалската кариера и се наоѓа на второто место на вечната листа играчи на Рома со најмногу настапи, после Франческо Тоти. Во јануари годинава 36-годишниот освојувач на Светско првенство 2006 ја заврши кариерата.

29 јануари 2020 - 14:49