Да видиш судијата Мајк Дин како го бодри Транмере

Англиските медиуми конечно дознаа за кого навива најпознатиот фудбалски судија Мајк Дин. Камерите го уловија Дин како еуфорично го слави триумфот на Транмере Роверс против Форест Грин со што влегле во баражот на Лига 2.

Мајк Дин минатиот месец го покажа 100-от црвен картон во неговата кариера во Премиер лига откако го исклучи Ешли Јанг.  Мајк Дин важи за најискусниот судија во Англија. Како главен судија во Премиер лига работи веќе 19 сезони а за тоа време делел правда на 482 меча и досудил 158 пенали.

14 мај 2019 - 09:55