Таг: транмере

На сите им се тепа нешто деновиве

Прво почнаа Комити и Чкембари, па се грабнаа кошаркари во Тетово и кога мислевме дека тоа со фудбалерите на Перу и шпанската полиција е последно за неделава, ете ти и Англичаните во четврта лига. Ама добро ова е од радост.

Да видиш судијата Мајк Дин како го бодри Транмере

Англиските медиуми конечно дознаа за кого навива најпознатиот фудбалски судија Мајк Дин. Камерите го уловија Дин како еуфорично го слави триумфот на Транмере Роверс против Форест Грин со што влегле во баражот на Лига 2.

Татко му направил на син му соба како соблекувална од омилениот тим

Во Англија има место каде се случуваат чуда: Прентон (приградска населба на Беркенхед, на половина час возење до Ливерпул). Локалната гордост е клубот Транмере Роверс кој игра во четвртата лига.

Како игра најдебелиот фудбалер во Англија

Некој ќе дојде на прес-конференција на Луј ван Гал и веднаш добива светска слава, а некој работи на својот углед како најдебел играч и патува ширум Англија секоја недела, па никој не го забележува.