Таг: мајк дин

Да видиш судијата Мајк Дин како го бодри Транмере

Англиските медиуми конечно дознаа за кого навива најпознатиот фудбалски судија Мајк Дин. Камерите го уловија Дин како еуфорично го слави триумфот на Транмере Роверс против Форест Грин со што влегле во баражот на Лига 2.

Мајк Дин си поигра со Агуеро

Англискиот судија истера добар мајтап со Серхио Агуеро. Откако голгетерот на Сити кој блесна со хет-трик против Челси сакаше да си ја прибере топката дома, славниот англиски судија му направи „где је лопта“?

Исцрпувачката судиска работа за време на немилосрдниот празничен фудбал во Премиер лига

Гвардиола е еден од последните тренери кој новогодишниот распоред во Премиер лига го нарече катастрофален за играчите, но се запрашал ли некој како им е на судиите кои киснат по патишта и глават на стадион скоро колку едно работно време од 8 часа.

Мајк Дин пак се радува на гол

Не знаеме дали се клади на стрелец на гол или едноставно навива за одреден клуб на еден натпревар, но сигурно е дека неговите реакции кога ќе падне гол се несоодветни. Мајк Дин важи за еден од најдобрите судии во Премиер лигата, но често е на удар на јавноста поради чудните реакции.

100.000 навивачи на Арсенал против судијата Мајк Дин

Топџиите му се гневни на познатиот англиски арбитар и масовно се потпишуваат на петиција, веќе никогаш да не ги суди натпреварите на Арсенал.