Четворица браќа заиграа во ист тим

Амунд, Идар, Торје и Ерик е првата четворка во историјата на фудбалот која имаше среќа да се најде во иста екипа. Браќата се родени во ист ден, коинциденција која не веруваме дека се случила во некој друг спорт, а ниту кај некој во маало.

Младите фудбалски таленти се дел од норвешкиот четвртолигаш кој го има едно од подолгите имиња и кој малку ќе ве измачи за да го изговорите на прва. Се вика Мандалскамератене, а мечот го играа против можеби најкусиот фудбалски клуб за изговор. Името му е Ре.

Четворицата 17 годишници не го почнале мечот заедно. Помеѓу првите 11 играчи од стартот на мечот се нашле Торје и Ерик, а тренерот потоа им дал шанса и на Амунд и Идар.

Екипата на Мандалскамератене на крајот славела со 3:1, а по натпреварот браќата Вичне биле известени дека до сега не се случило во иста екипа да настапат четворица браќа и тоа родени во ист ден.

„Навистина е забавно е да се игра со моите браќа заедно, а тоа е голема предност затоа што одлично се познаваме“, вели еден од нив.

За сега нема информации колку си подавале меѓусебе и дали се карале на терен.

4 јули 2014 - 15:52