Брутализмот на Сантијаго Бернабеу

Гламурозното реновирање на најпознатиот светски храм на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“, дом на Реал Мадрид, се приведува кон крај. Во план е свечено отворање да има летово а се шушка дека главен настан ќе биде и промоцијата на Килијан Мбапе како нов играч на „кралевите“. Да ѕирнеме што има под тревникот на Бернабеу?

Импресивно ќе делува реновираниот стадион на Реал Мадрид, а посебно мегаломански изледа системот за дренажа на теренот кој е на неколку нивоа:

Потсеќа на необичниот комплекс за живеење Александра Роуд Естејт во реонот Камден во Лондон. Овој одраз на бруталистички стил бил проекторан во 1968-ма година од Ниво Браун од архитектонскиот одел на советот на општина Камден.

Изградбата започнала во 1972-ра и била завршена во 1978-ма. Има 530 станови, а на територијата на целиот комплекс има школа, паркова зона, клуб за млади, хотелски комплекс. Во 1993-та година овој комплекс бил прогласен за споменик на архитектурата.

19 април 2024 - 11:31