Брилијантни дриблинзи на Нејмар кој заврши со црвен за симулирање

Уште во првата партија после Светското, ново блесаво издание на Нејмар кој од една страна се истакнува со бразилски мајстории, а потоа се глупира и добива два жолти картони за две минути. Вториот откако се обиде да изглуми пенал.

ПСЖ го доби Стразбур со 2:1 во првото коло после Мундијалот во Катар.

Двоен стрелец беше Маркињос кој погоди во двете мрежи, во 14 минута за 1:0, а во 51-ва за 1:1. Конечниот резултат го постави Мбапе од пенал во 95-та минута.

Жолтите картони Нејмар ги доби во 61-ва и 62-ра минута.

По 16 кола Парижаните се без пораз со 14 победи и 2 нерешени и предност од +8 пред второпласираниот Ленс.

Прв дриблинг

Втор дриблинг

Трет дриблинг

Втор жолт за симулирање

29 декември 2022 - 08:28