Болоња понеделнички на пладне распука со два еврогола

Најголемото изненадување во Серија А сезонава се вика Болоња. Имаат 7 победи на последните 8 меча и вкупно 15, исто колку Рома и Аталанта и дури три повеќе од актуелниот шампион Наполи. Во терминот од 12:30 на пладне победија 3:0 против Салернитана. Првите два погодока беа голчишта на Орсолини и Салемакерс. 

Како стојат работиве, ќе биде необично, ама големи се шансите на есен да ги гледаме на жрепката за ЛШ. Упорно држат четврто место и тоа сега се на само -2 до Јуве.

1 април 2024 - 13:56