Барселона - Баерн, финале пред финале

По извлекувањето на полуфиналните двојки за Лига Европа, се покачи адреналинот во Нион откако беа извлечени паровите за најелитното клупско европско натпреварување.

Фудбалерите на Реал Мадрид може да здивнат по ждребот во Нион, бидејќи за следен противник во одбраната на титулата во Лигата на шампионите го добија Јувентус.

Пеп Гвардиола се враќа во Шпанија, овој пат на Камп Ноу, каде го чека мега пресметка против Барселона. Баварците минатата сезона беа елиминирани во полуфинале од Реал Мадрид со вкупни 5:0. 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, полуфинале:

Барселона - Баерн Минхен 
Јувентус - Реал Мадрид 

Првите средби се играат на 5 и 6 мај, а реваншите се една недела подоцна. Финалето се игра на 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

24 април 2015 - 12:35