Азербејџанците не сакаа да ја нападнат Русија

Фудбалерите на Азербејџан не сакаа да ги нападнат Русите и да им го загрозат пласманот на Светското првенство во последните минути од нивниот дуел.

Русија обезбеди директен пласман на Светското првенство освојувајќи ја првата позиција во групата Ф, а Португалија како второпласирана репрезентација ќе игра во баражот.

Но можеше и да биде поинаку доколку Русија загубеше, а Португалија извојуваше повисока победа над Луксембург. Репрезентацијата на Азербејџан со фудбалер помалку успеа да израмни на 1:1 во 90-та минута и наместо да тргнат во напад во последните минути, тие се повлекоа и немо ги набљудуваа Русите како си додаваат меѓу себе.

16 октомври 2013 - 13:49