Атракција на Бензема со петица, одговор на Митровиќ со страшен волеј и хет-трик

Ал Итихад на Бензема, Канте и Фабињо и Ал Хилал каде се Митровиќ, Милинковиќ и Кулибали, одиграа спектакуларен меч со 7 гола и голем пресврт.

Арапското дерби мина во знакот на Александар Митровиќ кој со хет-трик ги урна домаќините кои имаа солидна предност за да одат на 3 бода.

Со головите на Ромарињо, Бензема и Хамдалах, Ал Итихад на полувреме водеше 3:1.

Но по прекрасниот гол во првиот дел на Митровиќ, следуваа два нови погодоци на Србинот во второто полувреме за израмнување на резултатот.

Голот за целосен пресврт и победа на гостинскиот тим од 3:4 го постигна Салем Алдавсари, на асистенција на Милинковиќ Савиќ кој му ја намести со глава.

Одиме по ред.

2 септември 2023 - 09:43