Анжи го отпушти тренерот по 16 дена

Поранешниот асистент на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Меленстен ќе биде запишан во некоја книга на рекорди, но по лошо. Тој издржа само 16 денови на клупата на рускиот клуб Анжи.

Екипата на Анжи за која се најавуваше дека за неколку години ќе биде во самиот европски врв, имаше лош старт на сезоната. По четирите натпревари без победа, челниците решија да направат големи промени и прв настрада тренерот.

Поранешниот тренер на младинците и резервниот тим на Манчестер Јунајтед, Холанѓанецот Рене Меленстен заработи отказ и тоа само по 16 денови откако седна на клупата.

Според претседателот на управниот одбор, буџетот на клубот кој изнесува 180 милиони долари ќе биде намален на 50 до 70 милиони долари. Тоа значи дека ќе настрадаат и договорите на повеќе ѕвезди помеѓу кои се Самуел Ето, Ласана Диара, Вилиан, Александр Кокорин, Игор Денисов и Кристофер Самба.

7 август 2013 - 12:06