Ако Мексико не се пласира на СП ќе нанесе економски удар во земјата

Мали се шансите селекцијата која е редовен учесник на Мундијалите вечерва да го прокоцка пласманот во Бразил, но таквото сценаријо би претставувало кошмар за оваа фудбалска нација која би загубила неверојатни 600 милиони долари.

Во КОНКАКАФ зоната која ги вклучува репрезентациите од Северна и Средна Америка, селекциите на САД и Костарика веќе обезбедија пласман на Мундијалот во Бразил. Третата земја која најверојатно вечерва ќе го завери билетот ќе биде Хондурас, додека до плеј-оф мечевите против претставникот на Океанија, Нов Зеланд најблиску е Мексико.

Најлошо сценарио вечерва за оваа земја на која и е потребен само бод од гостувањето против Костарика е да загуби, а Панама да ги изненади Соединетите Американски Држави и со триумф да го зграпчи четвртото место во групата.

И покрај тоа што таквиот расплет на настаните тешко дека ќе се случи, маркетинг експертите решија да потрошат време за анализа според која еден таков голем неуспех на Мексико би претставувало огромен удар не само за фудбалската индустрија, туку и за економијата во цела земја.

Први на удар се ТВ куќите „Televisa" и „TV Azteca" кои ги откупија правата за емитување на натпреварите од Мундијалот во износ од 100 милиони долари. Овие две компании поседуваат фудбалски клуб и стадион, а евентулната загуба на приходите од рекламирање би имала лош ефект и врз мексиканскиот фудбал.

Последици би почуствувале не само мексиканските, туку и телевизиските канали од целиот континент. На минатото Светското првенство во Јужна Африка натпреварот помеѓу Мексико и Аргентина бил најгледаниот настан на шпански јазик во САД со 9,2 милиони гледачи.

Репрезентацијата на Мексико има спонзорски договор за носење униформа со светскиот бренд „Адидас" од каде изјавија дека на минатиот Мундијал се продале милион дресови од оваа селекција што претставувало најмногу продаван дрес во меѓународни рамки.

Светските фудбалски првенства им носат голема слава и на поединци кои потоа заигруваат во големи клубови кои пак многу добро знаат како да профитираат од нивното име. Ѕвезда од редовите на Мексико на минатиот Мундијал беше Хавиер Чичарито Хернандес.

Тој остави голем белег во 2010 година и беше стрелец против Франција и Аргентина. По една година дебитираше во Манчестер Јунајтед, а неговиот дрес беше четврти најпродаван во Премиер лигата, повеќе и од дресовите на Дрогба и Ван Перси.

Во една ваква неповолна ситуација покрај Адидас, загрижени би биле и уште многу други големи компании како Кока-Кола, Форд, Виза кои имаат спонзорски договори и кои не се ни сомневаат дека нема да бидат дел од најголемиот фудбалски планетарен собир.

Секако тука се и големите компании за транспорт, како и најголемиот аеродром во земјата „Аеромексико" кои би ги загубиле патниците идното лето. Според анализите направени за минатото Светско, во Јужна Африка отпатувале 15.000 Мексиканци кои во просек имале трошоци по 10.000 долари.

Со оглед на близината и големата страст за фудбал, на Мундијалот во Бразил се очекува да отпатуваа многу повеќе наивачи на Мексико, а тоа би донело уште поголема заработувачка за домашните компании кои би им понудиле транспорт.

Експертите за макркетинг не ги заборавиле и спортските институции кои уште на стартот би се офајдиле од пласманот на Мексико. Прва на оваа листа е секако фудбалската федерација на оваа земја која како и сите останати федерации само за учество би заработила 13 милиони долари од ФИФА.

Доколку вечерва Хондурас загуби од Јамајка, а Мексинаците триумфираат и завршат во групата со подобра гол разлика од нив, ќе обезбедат и директно учество во Бразил. Втората поволна варијанта е да освојат само бод против Костарика и да си обезбедат плеј-оф двобој против Нов Зеланд.

Третото и најцрно сценарио кое вклучува пораз, а истовремено и триумф на Панама над веќепласираниот САД, ќе значи голема загуба за целата фудбалската земја која нема пропуштено едно Светско првенство од 1990 година во САД.

15 октомври 2013 - 17:28