Аголот од кој личи дека голот на Јамал е регуларен

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 3:2 со гол во 91-ва минута и со тоа речиси ја потврди шампионската титула. Убаво дерби, со многу шанси, голови и отворен фудбал, ама и со нова по кој знае кој пат скандалозна одлука во шпанскиот фудбал.

Во Ла Лига дефинитивно им застанал саатот и утринава место да се зборува за убавината и традицијата на Ел Класико, кое синоќа понуди прекрасна фудбалска претстава со неизвесност до самиот крај, пак стара песна.

А тоа е нова, по кој знае пат спорна одлука во Шпанија која очигледно ќе остане нерасчистена и ќе лебди во воздух. 

Се работи во 29-та минута при резултат 1:1, кога на Барселона не и беше признат гол откако биеше Јамал.

Судијата се туфкаше, чекаше помош од колегите во ВАР собата, а она што е најчудно е како е можно на еден ваков натпревар, во една ваква лига да нема сè уште гол технологија?

За време на преносот, погледнавме репетиција од неколку агли, но ниту еден не покажа со сигурност дали цела топка е во гол.

Најблиску до тоа е оваа камера од која изгледа како голот да е регуларен, иако никој официјално не потврдува со сигурност.

Друг агол

beINSPORTS во обид да ја расчистат ситуацијата

22 април 2024 - 08:31