А сте ги виделе Марадона и Меси на серва и тоа од иста?

Снимката е од 2005-та. Диего има 45 години, а Лео 18. Во другиот пар е Карлос Тевез со уште еден. Нема потреба да ви кажуваме кој е главен и како ќе заврши. Абе и со газ им ја враќаше.

Колку само личат овие две легендарни 10-ки во стилот на игра. На Меси му открија дека вчерашниот гол против Осасуна е идентичен на дебитанскиот на Марадона за Њуелс Олд Бојс.

Но од двајцата феномени, ова што го направи Марадона, па го понови Меси, ќе остане во аналите како неповторливо по трет пат. Чудо за фудбалот е оваа идентична фудбалска генијалност.

30 ноември 2020 - 14:24