А ќе си речеш којзнае што пишува на листот од договорот

Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.

Ако сте ја виделе објавата на веста за договорот на Марсиал и фотографијата со Солксјер, ќе сте виделе пред нив уредна документација која чека на потпис.

Ама англиските медиуми а и дежурните интернет шегаџии зумирале и откриле што има на листот.

Кога ја зголемиле сликата виделе дека ладно првиот збор бил qwertyui а другите биле уште понејасни зборови како - Vfhcmzkm ,erdfkmyj gjlgbcfk rjynhfrn c lmzdjkjv.

Секако дека ние не очекувавме на масата да стават лист на кој ќе пишува детално колку пари, проценти, клаузули, чуда и врагови.

Според информациите на Sky Sports, во оригиналниот договор на Марсиал стои дека Антони ќе добива 250.000 фунти неделно. Согласно дека ова не е плата за резервист, сигурно управата и стручниот штаб го планираат за стандарден првотимец.

„Сакам да му заблагодарам на Оле и на целиот стручен штаб што веруваа во мене и секој ден ми помагаат. Благодарение на нив ја кренав мојата игра на повисоко ниво. Манчестер Јунајтед е клуб предодреден да освојува трофеи и сигурен сум дека нашиот следен трофеј не е далеку“, рекол Марсиал.

Антони на „Олд Трафорд“ дојде на 1 септември 2015 година од Монако за огромни 80 милиони евра (плус бонуси).

Во Манчестер често имаат обичај да ставаат фалс листови пред фото-сесија на играчите кои потпишале нов договор. На пример така било со Лингард во април 2017 и со Смолинг во декемвир 2018.