74 годишен хулиган

Натпреварот од четвртата англиска лига беше прекинат поради невообичаен инцидент кој ретко се случува на терените. Пензионер од трибините со банана се обидел да го погоди делителот на правдата.

Незадоволниот Донс кој има 74 години лутината од судењето ja демонстрирал со фрлање банана кон судијата, но полицијата веднаш го уапсила. По сослушувањето се верува дека стариот навивач не го сторил тоа поради расистички причини и откако платил кауција веднаш бил ослободен.

Инаку инцидентот се случи на средбата помеѓу претпоследнопласираниот тим на Вимблдон и лидерот на табелата Порт Вејл кој заврши 2:2.

Фрлањето на бананите врз црни фудбалери најчесто се случуваше во 80тите, а тоа асоцираше на покажување омраза на расна основа.

Една од популарните слики која остана од тоа време е потегот на фудбалерот Џон Барнес кој како фудбалер на Ливерпул беше погоден со банана, а потоа со нога ја отстрани од теренот.

25 јануари 2013 - 11:07