31 лице на суд за местење натпревари

По долга 10 годишна истрага почна судењето на сите вмешани луѓе во големиот скандал со местење натпревари во Белгија.

Според доказите на белгиското обвинителство групата која местела натпревари е предводена од кинескиот бизнисмен Zheyun Ye кој платил 1,6 милиони евра за да се наместат резултати на 18 мечеви од белгиското првенство во периодот од 2004 до 2006 година.

Еве од обвинетите е Пол Пут, селектор на африканската селекцијата Буркина Фасо кој во тоа време го водел тимот на Лирс. Тој ја одлежа три годишната забрана за вршење на било каква дејност во фудбалот, а за аферата се вадеше со образложение дека бил присилен.

„Трпев постојани закани од мафијата која ми доаѓаше со оружје, а под закана беше и моето семејство. Знам дека не е убаво да се зборуваат вакви работи, ама тоа е вистината. Во тоа време белгискиот фудбал беше во криза. Немаше ниту пари ниту надеж. Местењето натпревари е голема работа, јас не бев вмешан во тоа, туку тоа беше така преставено во медиумите“, изјави Пут.

57 годишниот стратег кој четири години ја водеше и репрезентацијата на Гамбија вели дека тој и неговите играчи само ги слушале наредбите на оние кои биле над нив, а тоа не го правел само тимот на Лирс.

6 февруари 2014 - 16:01