18 работи кои ги нема направено Венгер

Седна на клупата на Арсенал на 1 октомври 1996 година, како замена за непознатиот Брус Риох, а вечерва против Галатасарај одбележува 18 години како тренер на Топџиите. Му поминаа топло-ладно, но нема мотивација да ги раскаже во книга.

1. Никогаш не ја освои Лигата на шампионите. Најблиску беше во 2006 година кога во финалето загуби од Барселона.

2. Нема победа против Мурињо. Се сретнаа 11 пати, но Венгер не доби ниту една средба.

3. Нема направено рекорден трансфер на островот. Рекордниот трансфер за клубот го направи со Месут Озил кога минатата година пристигна на Емирати за 42,5 милиони фунти.

4. Не успеа ниту еднаш да ја одбрани титулата. Премиер лигата ја освои три пати, но не стигна до две титули во низа.

5. Го нема освоено Лига купот. Две финалиња, два порази за Венгер, едниот од Бирмингегн, другиот од Челси.

6. Не користи твитер. Има многу твитер профили со неговото име, но ниту еден не е негов.

7. Никогаш не се откажа од Диаби. И покрај малерозните повреди тој не се ослободи од Абу Диаби, па дури и го прекомандува од одбрана во среден ред.

8. Нема мотивација да напише книга. Откако Фергусон ја објави својата биографија, неговиот колега изјави дека немал планови и не бил мотивиран за такво нешто.

9. Нема излезено на вечера со Дејвид Деин кога Арсенал губи. Потпретседателот на Топџиите по секој меч резервира маса за него и Венгер, но кога тимот ќе загуби ја откажува резервацијата.

10. Нема освоено европски трофеј. За 18 години не може да се пофали со ниту една титула во меѓународни рамки. Купот Емирати не спаѓа тука. Имаше прилика во 2000 година кога во финалето од Купот на УЕФА загуби од Галатасарај на пенали.

11. Го прикриваше случајот со пицата. По поразот од Јунајтед во октомври 2004 година, Фабрегас го гаѓаше Фергусон со пица, но Венгер секогаш молчеше за инцидентот.

12. Не ги критикуваше јавно своите играчи за недисциплина. За време на неговиот 18 годишен престој во Арсенал, беа покажани 103 црвени картони, но тој никогаш “не ги гледаше“ грубите фаули.

13. Не најде лек за Дрогба. Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска на 15 меча постигна 15 голови против Арсенал.

14. Немал асистент кој не е поранешен дефанзивец на Арсенал. Неговите помошници Пет Рајс и Стив Болд се поранешни фудбалери на клубот од Лондон.

15. Никогаш не загубил во плејоф. Секогаш кога Арсенал игра во квалификациите за излез во Европа успева да победи.

16. Не завршил под четврто место. Позицијата број 4 на крајот од сезоната му е загарантирана речиси секоја сезона.

17. Не прави драстична промена во имиџот. Сега е малку постар, но фризурата му е скоро иста.

18. Никогаш не загуби во третото коло од ФА купот.

1 октомври 2014 - 17:02