11.016 дена меѓу шампионските титули на Ливерпул

Веднаш по завршувањето на мечот Челси - Манчестер Сити (2:1) кога стана јасно дека Ливерпул е нов шампион на Англија и тоа на цели 7 кола пред крајот, илјадници навивачи излегле на градските улици.

После цели 30 години чекање, трофејниот Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата. Интересно кога „црвените“ последен пат ја освоија титулата во 1989/90, дури 5 играчи од актуелниот состав се родиле.

Клубот од „Енфилд Роуд“ 11.016 дена ја чекаше титулата. Од последниот освоен пехар во првенството, Ливерпул 5 пати беше вицешампион: 1990/1991, 2001/2002, 2008/2009, 2013/2014, 2018/2019.

Од последната титула до оваа најновата одиграле 1.151 натпревар и постигнала 1.975 гола.

7 пати во историјата Ливерпул станал првак на 7 кола пред крајот, а толку често успевал никој. На 5 кола пред крајот титула освојувале Манчестер Јунајтед (1908 и 2001), Евертон (1985) и Манчестер Сити (2018).

Црвените сега имаат 19 титули. Повеќе има само Манчестер Јунајтед (20), а Арсенал е трет на листата со 13 шампионски титули.

Јирген Клоп е првиот германски тренер кој освои шампионат во Англија. Прв во 131 година првенствен фудбал.

18 победи по ред забележа Ливерпул - од 27 октомври 2019 до 29 февруари 2020. Имаа 23 триумфи по ред на Енфилд Роуд во Премиер лигата и дури 44 меча без пораз!

Сосема заслужено и честитки за навивачите на Ливерпул.

26 јуни 2020 - 09:26