101-во место за македонската репрезентација

Фудбалскиот национален тим 2015 година ја стартува со пад од едно место на ранг листата на ФИФА.

Во првото рангирање од новата година со оглед на тоа што мируваат репрезентативните натпревари нема многу промени во рангирањето на фудбалските селекции.

Македонската фудбалска репрезентација со 327 бода е 101-ва селекција. Едно место над нас е Австралија, а под нас Саудиска Арабија. Од противниците во квалификациите за ЕП 2016-та Белорусија е на 99 место, Луксембург 172-мо, Украина е 25-та, а Словачка на 21 позиција.

Шпанија е стандардно во топ 10, а таму на првата позиција и натаму е светскиот првак Германија. Потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција и Уругвај.

Следниот настап на „Црвено жолтите“ е против Белорусија на 27 март на „Филип Втори“.

8 јануари 2015 - 11:23