- Зошто не спиеш, миличок? Што не е во ред?- го прашува таа а тој ја погледнува и и вика:
- Се сеќаваш ли пред 20 години кога почнавме да се излегуваме јас и ти заедно? Ти имаше 16 години. Се сеќаваш ли на тоа?
Жената се трогнала до солзи што нејзиниот маж е толку чувствителен и нежен...
- Секако дека се сеќавам- тивко рекла таа.
Сопругот воздивнал. Зборовите тешко испаѓале од него:
-А се сеќаваш ли, драга, кога не улови татко ти на задното седиште од мојата кола?
- И на тоа се сеќавам - нежно одговарила жената.
- А се сеќаваш ли дека тогаш впери сачмарка во моето лице и рече: „Или ќе ја ожениш ќерка ми или ќе те пикнам 20 гиодини во затвор!“
- Се сеќавам... -вика жената.
Мажот ја брише солзата која му се лизнала на образот и ѝ вика:
- Е, па, денес ќе ме ослободеа!