Калуѓерски виц на денот

Автобус полн калуѓерки имал тешка сообраќајна несреќа, загинале сите. Отишле пред Портите на рајот каде ги дочекал кај Свети Петар. Им посакал добредојде но им кажал дека пред да им ги отвори портите, ќе мора на секоја од нив да ѝ постави само едно прашање.
- Сестро, имаш ли ти пипнато пенис во животот? - ја прашал првата монахиња.

- Само еднаш во животот, и тоа со врвот на малиот прст - рекла таа.

- Брцни го тој прст во Светата вода и искупена си.

Преминал на следната и ја прашал истото, дали има допрено пенис.

- Еднаш имам држено.

- Добро сестро, стави ја таа рака во Светата вода и искупена си.

Таман да прејде на следната, Свети Петар забележал позади некаква мешаница, една од сестрите пробувала преку ред да се пробие напред.

- Чуму буткање сестро, никаде не брзаме.

Таа му рекла:

-  Ако веќе ќе треба да правам гаргара со Светата вода, да ја направам пред сестра Пелагија да го потопи газот во неа.

7 јуни 2024 - 10:40