И така ја снема торбата на Боки...

Главнииот капо на италијанската мафија открил дека го поткраднува неговиот главен сметководител Гвидо, кој го олеснил за 10 милиони долари. Гвидо бил глувонем, тоа била и причината што ја добил таа работа, мислеле, ако не слуша, тогаш не може да сведочи на суд. 

Отишол главниот кај Гвидо и земал со себе адвокат да му преведува на јазикот на глувонемите.

- Прашај го кај се парите!

Овој со знаковен јазик го прашува:

- Каде се парите?

Гвидо на ист начин му одговара:

- Немам појма за што зборуваш.

Адвокатот му кажува на главниот:

- Вика, нема појма за што зборуваш.

Мафијашов вади пиштол, му го става на слепоочница на Гвидо и вика:

- Прашај го уште еднаш или ќе го убијам.

Адвокатот му вика на Гвидо:

- Ќе те убие ако не кажеш.

Гвидо:

- Добро, признавам! Парите се во црна торба, закопани позади куќата на вујко ми Бруно!

Мафијашот го прашува адвокатот:

- Што вика?

Адвокатот:

- Вика дека си пичка и дека немаш муда да пукаш.

4 јули 2023 - 14:04