Преку низа на монолози на неколку жени од разни социјални слоеви кои зборуваат за своите вагини, претставата отвара важни прашања во врска со жената, нејзините права и дискриминација. Жанровски е определена како траги-комична, но исто така таа на лесен и едноставен начин комуницира со публика.
Како база за нејзината адаптација користени се документаристичките монолози на Ив Енслер што таа ги собирала патувајќи низ светот и зборувајќи со девојчиња и жени кои со неа ги споделувале нивните животни искуства. Првата изведба на нејзините вагинални монолози се случила во подрумот на барот Корнелиа кој се наоѓа во познатото Њујоршко маало Гринич Вилиџ.
Следствено на ова, македонската верзија на ова дело си го најде своето место во новиот скопски ноќен клуб Станица 26. Претстава која е приватен проект инициран од самата екипа ќе се игра во ден Вторник, по два пати во месецот, а цената на карта ќе изнесува 250 денари.
Првата изведба е на 21 јануари во 22:00 часот.