Таг: Владимир Набоков

Владимир Набоков: Човекот и предметите

Во говор содржан во книгата „Мисли, пишувај, зборувај: несобрани есеи, критики, интервјуа и писма до уредникот“, која излегува утре, 12.11, рускиот писател зборува за односот помеѓу луѓето и нештата околу нив. Поточно, за оние луѓе на кои им е жал да фрлат стари пантолани или кои чуваат писма кои никогаш нема да ги препрочитаат.

Три степени на преведувачко зло

Набоков во негов текст од 1941 година, „Уметноста на преведувањето", наведува три грева кои најчесто ги прават оние кои се занимаваат со неблагодарниот чин на „вербална трансмиграција" - преведувачите.

Како добив десетка од Набоков

Едвард Епштајн, американски новинар и поранешен професор по политички науки, сосема несвесен за значењето на неговиот потег за идната книжевна историја, како бруцош на Корнел го одбрал предметот „Европска литература на 19. век". Во таа 1954 него го предавал никој друг туку - Набоков.

Набоков како Калински

Олимпијадата заврши, но уште некое време во ушите ќе ни одѕвонуваат гласовите на спортските коментатори. Штета што меѓу нив нема писатели. Еден Набоков, на пример, би можел одлично да коментира бокс.