Таг: тренинг

Роналдо погоди фоторепортер па му ја даде опремата

За време на последниот тренинг на Реал Мадрид во Киев пред големото финале на Лига на шампиони, четирикратниот освојувач на овој елитен турнир погоди со топка еден фоторепортер па му се извини.

Добро, овој Марсело илузионист е?

Откако направи ретко виден прием на топка против Баерн Минхен, Бразилецот од Реал денес на тренинг примил топка без да ја види.

Кристијано им запна на ножичките, сега ги направи на тренинг

Прво во понеделникот направи ножички на тренинг, па после на Џанлуиџи Буфон му даде фантастичен гол исто со ножички за денес во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас пак да ги потврди.

Како најдобриот борец од Дагестан тренирал со мечка

Кабиб Нурмагомедов има 29 години. Роден е во селцето Силди во Дагестан. Веќе извесно време важи за еден од најдобрите борци во UFC. За себеси вели дека е припадник на Аварците, изворен народ од Кавказ, а се бори под руско знаме. На 9 години тренирал со мече.

А ножичките ги пробувал на тренинг пред мечот

Синоќа на двата четвртфинални дуели паднаа 6 гола ама целиот свет зборува за ремек делото на Кристијано Роналдо. Необично, пред истиот гол пробувал ножички на тренингот ден пред натпреварот со Јувентус.

Ти му викаш оди лево, тој не знае кај е

На еден од некогашните тренинг семинари за млади талентирани кошаркари во Црна Гора, легендарниот Дуле Вујошевиќ се обидува на едно дете да му објасни да оди во лево.

Како изгледаше еден тренинг на Ајакс во 90-те

Го гледаш видеово и мислиш дека VIII Б држи час по физичко во некое селско школо, а тоа да ти биде Ајакс од неговите најубави времиња. Златната генерација на овој клуб во 1995-та освои првенство, Лига на шампиони, Супер Куп на Европа и Интерконтинентален Куп. Тренираат и на песна, сите во ист ритам. Легендарно видео парче.

Нејмар му врати на Габриел Жезус

Бразилска работа. Фора на тренинг им е кој на кого ќе му ја протне низ нозе. Прво ѕверката од Сити Габриел Жезус го изработи Нејмар, а после најскапиот фудбалер на планетата едвај чекаше да му врати.

Како Вардар се остри за првите бодови во Лига Европа

Во опуштена и победничка атмосфера по дербито со Шкендија, фудбалерите на Вардар одржаа тренинг на два дена пред 3. коло во ЛЕ, каде ги очекува тешка пресметка против Реал Сосиедад. Капитенот на Црвено - црните не знае за пораз од шпански тим.

Невиден тренинг од шведски скијач

Андре Ригети е 19-годишен шведски фристајл-скијач којшто настапува на турнирите по слободен стил ширум светот. Во време на тренинг пробува невозможни нешта како на пример ова:

Иско на тренинг

Дечкото просто се потпишува со топката. Нема финта што не ја знае или фора на која можеш да му ја земеш. Мајстор.

Марсело ги шина на тренинг

Прво топката му се лепи на нога, а потоа прави еден луд дриблинг, па втор и на крај магија од гол кој на прва не се сфаќа како го даде. Со помош на рипит сконтавме дека се работи за рабона удар.

Ибрахимовиќ почна да работи со топка

Откако на крајот на април тешко се повреди на дуелот со Андерлехт, лекарите на Манчестер соопштија дека Златан може да пропушти 8-9 месеци. На почетокот на мај му го оперираа коленото па Лига Европа славеше на штаки. А веќе на 31. мај на Инстаграм приложи видео на кое се гледа како работи со топка.

Тифозите на Рома го гледаа последниот тренинг на Тоти

Старо, младо, машко и женско. Се собраа стотици навивачи на Рома во тренинг кампот на ’Волчицата’ да го проследат последниот официјален тренинг на капитенот Франческо Тоти пред неговиот последен меч во кариерата вечерва против Џенова од 18.

Како тренираат голманите во Бешикташ

На три кола пред крајот Бешикташ има два бода повеќе од Башакшехир и за очекување е да ја освои титулата во Турција. Бешикташ има примено само 29 гола сезонава, а како и да прими повеќе со вака тренирани голмани?

Како се игра без да падне во Реал Мадрид

Си возат шева без топката да падне: Во средина се Варан и Матео Ковачиќ и кога после десетина додавања не можеа да ја фатат, на крај очекувано јаделе ластици.

Чудесен потег на Роналдо на тренинг

На последниот тренинг пред гостувањето во Ла Коруња, Кристијано Роналдо за време на една шева на тренинг направи надреален потег.

Андерлехт се спрема за Манчестер во паркче

По ручекот, фудбалерите на белгискиот шампион во пресрет на реваншот со Јунајтед на „Олд Трафорд“ решиле да се загреваат во локалниот парк.

Фул тренинг на Марио Балотели

Фудбалот е захтевна работа и не е само трчање 90 минути во неделата и толку. Во спремањето на еден натпревар спаѓа вежбање гради, нозе, бицепс, трицепс, склекови, стомачни, игра со топка, пенали, слободни удари итн итн. По примерот на напаѓачот на Ница, тоа оди вака.

Како брани Џиџо Донарума на тренинг

Иако во февруари ќе наполни 18 години, Џанлуиџи Донарума веќе го доби статусот наследник на големиот Буфон. Донарума од натпревар во натпревар потврдува дека Италија и Милан ќе имаат голман на долги патеки.

Кажи како после тајм-аутов да не победиш?

Тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ тотално полуде на еден тајм-аут пред крајот од мечот против Карпош Соколи во АБА лигата па им порача на играчите што ги чека утре сабајле на тренинг.

Мигрант од Албанија ги стаписа играчите на Баерн

Помошниот тренер во Баерн Минхен, Пол Клемент го забележал слободниот уметник со топка Фабијан Дуро на улиците во Минхен и го поканил да дојде на тренинг на Баварците. А таму, Робен, Левандовски, Нојер и другите се држеа за глава.

Тренинг тајните на славниот Ајакс од ’90-те

Холандскиот Ајакс важи за клуб со најдобра младинска академија на светот. Тоа и не е толку непознато, колку што беше непознато како тренирале Давидс, Клајверт, Ван дер Сар, Бергкамп, Овермарс, Рајзигер, Богард. Некој од вас сигурно вакви работи имал на физичко во основно.