Македонија со тежок пораз од 12 гола разлика го започна седмото учество на Светските првенства. Шведска беше далеку посилна од нашите млади ракометари предводени од легендите Лазаров и Стоилов. Во 60-минутно сивило на нашата селекција, имаше и моменти за поздравување. Како цепелинов на Кире и Кузмановски.
Подмладениот тим, без Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Борко Ристовски, предводен од капитенот Лазаров и Стојанче Стоилов го забележа првиот пораз на Светското првенство 2021 во Египет. Убедливо изгубивме 32-30 (16-11) од 4-кратниот светски првак.
Египет синоќа домаќински со 35 комада и победа над Чиле од +6 го отвори 27-то Светско ракометно првенство. Но голот на мечот го постигна еден од поразените играчи со магија каква што обично гледаме во Јане Сандански.
Со почеток од 20:30 вечерва Македонија го стартува своето седмо учество на Светските првенства. Интересно, нашата ракометна селекција дури 5 пати победувала на стартот на Мундијалите, а има само еден пораз.
По вечерашното соочување против Шведска, македонската ракометна репрезентација за два дена повторно ќе треба да ги одмери силите со незгоден противник, а тоа е домаќинот кој на претходниот Мундијал заврши осми. Имаат заебан голман кој наскоро ќе го гледаме кај нас.